Виртуелно лудило – најглупавите коментари напишани на интернет

„Горд сум што сум Американец и полудувам кога странците кажуваат дека Америка е најглупавата земја во светот . Тоа се глупости! Најглупавата земја во светот е Европа“ – ова е само една од фразите кои влегоа во неодамна објавената книга со најглупавите коментари напишани на интернет мрежата , објави лондонски Дејли мирор.

 Виртуелно лудило - најглупавите коментари напишани интернет

По повод излегувањето од печат на овој „зборник“  новинарите го напишаа следниот коментар:

„Понекогаш секој кажува по некој бисер, но пред доаѓањето на Facebook и Twitter поголемиот дел од овие моменти , за наша среќа , беа заборавени.  Сега коментарите се чуваат на светската мрежа, а авторите на книгата ги собрале најубавите и најлошите од нив“ .

Составувачите на оваа збирка му отстапиле простор и на прашањето како може да се направи огледало од монитор.

„Се обидов да го скенирам огледалото, но ништо не се случи“ , напишал еден корисник.

Бисерите се бројни. Еве неколку од нив:

„Како може да се разбере дали во филмовите учествуваат вистински диносаурусите ?“

„Постоеја ли ноќни птици и пред појавата на уличното осветлување ?“

„Ако некој голтне премногу плунка, може ли да се удави?“

„Сите велат дека „врските на далечина не успеваат“. О, навистина? Јас сум со мојот неверојатен дечко повеќе од две години. И погодете што – тој живее на оддалеченост од неколку милји!“.

„Кој ќе ми каже каде во Африка е Индија?“

Книгата е насловена „Wow I’m A Genieous, The Stupidest Things Ever Said Online“. Повеќе интернет „бисери“ од неа може да прочитате на Дејли мирор.