Виртуелна тура низ библиотеката за обучувачи во организација на „Гоу Грин“

На 2 јуни со почеток од 11 часот претпладне, ќе започне виртуелната тура на која ќе биде презентирана „Библиотеката за обучувачи“ пред публика составена од обучувачи и младински работници.

На виртуелната тура ќе бидат презентирани и објаснети материјалите кои се прикачени во Библиотеката како и различните начини на кои може да биде искористена платформата од обучувачите и младинските работници.

Библиотеката за обучувачи претставува платформа на која може да се најдат повеќе од 350 артикли за самостојно обучување на младински работници и обучувачи, текстови изработени следејќи го моделот за компетенции на обучувачи според Европската стратегија за обучување, околу 1500 страни со алатки, книги, релевантни извори, видеа и прашања за само-евалуација и рефлексија создадени за следење на процесот на самостојно учење, но и алатки создадени од искусни обучувачи, младински работници и други соработници од различни Европски земји.

„Библиотеката за обучувачи“ е создадена во партнерство со неколку организации, Fundacija Arte Ego (Полска),  Гоу Грин (Северна Македонија), Dinamik Gelesum Dernegi (Турција), Development Crew (Литванија),  Replay Network (Италија) и NaturKultur e.V. (Германија)

За да се приклучите на вируената тура низ „Библиотеката за обучувачи“ поврзете се на „Зум“ линкот.