Виртуелна посета на Скопје ЗОО, во живо од 13 часот

Денеска (недела, 12 април) во 13 часот на фејсбук страницата на ЗОО Скопје во живо ќе се емитува виртуелна посета за граѓаните кои се наоѓаат во своите домови поради забраната за движење поради кризата со коронавирусот.

Од Скопската зоолошка градина велат дека најмладите ќе можат да бидат во можност виртуелно да ги посетат сите животни.

За време на прошетката од Скопје ЗОО, на оние кои ќе го следат преносот, ќе им раскажат како ги поминуваат деновите без нивните најмили посетители.

Фејсбук страницата на Скопје ЗОО можете да ја најдете на следниов ЛИНК.

Зоолошката градина во моментов е затворена за јавност, поради пандемијата со коронавирусот.

Инаку, пред само неколку денови во Зоолошката градина во Скопје пристигнаа 15 фламинга, а во моментов се подготвуваат и живеалиштата за пингвини, кои треба да пристигнат од Лондон.