Виртуелен саем за студии во Франција

Францускиот институт во Скопје и француската агенција за високо образование „Кампус Франс“, организира виртуелен саем за студии во Франција, кој ќе се одржи во среда (15 декември) од 10 до 18 часот.

Саемот претставува настан на кој може да се сретнат македонските средношколци, студенти, универзитетски професори, кои сакаат да го продолжат своето високо образование во Франција, или пак да остварат универзитетска соработка.

„Ова е одлична можност да се добијат сите потребни информации за понудата на студиски програми директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот, како и информации за сите аспекти на студентскиот живот во Франција“, стои во најавата за настанот.

За да се следи саемот, потребна е претходна регистрација на платформата на која ќе се одржува настанот на следниот ЛИНК.