Вирџинија Раџи стана првата градоначалничка на Рим

Рим ја избра Вирџинија Раџи за прва градоначалничка, која се бори против естаблишментот, од популистичката протестна партија Движењето на петте ѕвезди.

Победата на 37-годишната адвокатка веројатно се должи на тоа што отворено прозборе против корупцијата и разорените јавни служби во италијанскиот главен град, поразувајќи го Роберт Џакети од Демократската партија на премиерот Матео Ренци, пишуваат странските медиуми.

Таа во првиот круг освои 35,2 отсто од гласовите, оставајќи го зад себе кандидатот на Демократската партија, благодарение на кампањата во која се залагаше за укинување на привилегиите на функционерите и за борба против корупцијата.

Нејзината победа доаѓа откако десетици локални функционери и бизнисмени се уапсени под обвинение за корупција, и ги обвини за користење на мафијата како метод за заплашување за да постигнат општински договори.

Скандалот во градската власт доведе до нефункционалност на основните јавни услуги, вклучително и транспорт, поправки на улици и собирање на отпад. Успехот на протестната партија се должи и на растечкото незадоволство и немири кај Италијанците.

По победата, новата градоначалничка вети дека ќе воспостави законитост и транспарентност во администрацијата на Рим, посочувајќи дека започнува нова ера за граѓаните.