Виничани „мрднаа со прст“ преку акцијата „Чист простор за здрави луѓе“

На  8 и 9 април, граѓаните на општина Виница „мрднаа со прст“ преку акцијата „Чист простор за здрави луѓе“. 120-ина млади, деца и возрасни излегоа и се вклучија во дводневната акција за реконструкција на спортското игралиште во Ромското маало, како и еколошка акција во близина на самото игралиште.

„Првиот ден се однесуваше на расчистување на теренот, отстранување на оштетената мрежа и поставување на нова, поставување на шипки на постоечките стативи, фарбање на стативите и бележење на фудбалскиот терен, вториот ден беше организиран фудбалски турнир помеѓу 5 мали репрезентации, а по завршување на турнирот присутните граѓани го чистеа насобраниот отпад околу и во игралиштето. Во целост можеме да потврдиме дека акцијата ‘Чист простор за здрави луѓе’ докажа дека преку дружба и забава може да се постигнат повисоки цели кои се за општо добро на сите граѓани. Би сакале да изразиме особена благодарност до граѓаните на општина Виница кои придонесоа кон успешност на оваа акција и покажаа дека соработката со институциите е возможна и дека со желба, ентузијазам и проактивност може да се случи промената што сакаме да ја видиме“, велат од НВО КХАМ од Делчево.

Од организацијата очекуваат да продолжи ентизијазмот на граѓаните за промена на нештата, но, исто така, очекуваат совесно и грижливо да се одржуваат општите добра.

Инаку, акцијата поддржана од НВО КХАМ во рамки на иницијативата ,,Мрдни со прст“ заедно со Ромска советодавна група Виница, има за цел цел да ја подигне јавната свест за различните можности кои се во доменот на секој поединец како и да се понудат идеи за приднонес  кон специфични активности  во рамки на  заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат индивидуално, но и колективно.