Викиликс објави 5 000 документи за Марин Лепен и Франсоа Фијон

Викиликс објави околу 4 800 документи за Франсоа Фијон и Марин Ле Пен, кои ќе се борат за претседателската функција во Франција. Документите се објавени денеска на страницата на Викиликс на Твитер.

Архивата со документи за Фијон брои 3.630 фајлови, а материјалите поврзани со Ле Пен се 1 138.

И двајцата политичари неодамна се покажаа вмешани во скандали поврзани со фиктивни плаќања. Францускиот весник „Канарија аншене“ објави новинарско истражување, во кое се тврди дека сопругата на Филон, Пенелопе, во текот на неколку години била вработена како асистент на сопругот во парламентот, добивала плата, но не извршувала никакви конкретни обврски. Според податоци на весникот, за тоа време неа и биле исплатени до 900 000 евра.

Претседателката на Национален фронт, Марин Ле Пен е обвинета дека фиктивно ги вработила како свои помошници во Европарламентот својата шефица на кабинет Кетрин Гризе и телохранителот Тиери Лежие.

Од фондот на ЕП на Гризе и биле платени вкупно 299 000 евра, а на Лежие 41 500 евра.