Викендов се пуштаат во употреба реновираните живеалишта во битолската ЗОО градина

Оваа сабота (6 декември) со почеток од 11:00 часот во битолската зоолошка градина ќе бидат пуштени во употреба реновираните живеалишта за: мечка, рис, лав, тигар, лисица, ракун, мајмуни, како и новата фарма за домашни животни.

На настанот ќе се обратат Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, Министеот-советник во Делегацијата на Европскатата унија во земјава Робин Лидл, заменик-министерот за локална самоуправа Љупчо Пренџов, градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески и раководителот на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион Емилија Ѓероска.