Викендов се проширува полицискиот час, ќе трае од 16 до 5 часот

Во текот на претојниот викенд забраната за движење во С. Македонија се проширува и ќе започнува во 16 часот, одлучи Владата на денешната седница.

„Со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на коронавирисот, Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд. Се забранува движењето на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) од 16 часот до 05 часот. Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани“, стои во соопштението на Владата.

Целосниот список на владини мерки и препораки, но и сите дополнителни информации и контакт телефони околу ситуацијата со коронавирусот може да ги најдете на следниов ЛИНК.