Викедов во Охрид ќе се одржи најсилното издание на „Грин бич фестивал 7“

Седмото издание на фестивалот на електронска музика „Грин бич“ ќе се одржи викендов во Охрид, а ќе настапат 14 врвни уметници кои најавуваат исклучително дводневно доживување.

Утре (30-ти јули) меѓу предводниците на програмата се запишува виртуoзот зад диџеј пултот и технички ненадминливиот англиски диџеј и продуцент James Zabiela кој е и заштитно лице на „Pioneer“,со густа агенда за 2016 година, која се простира низ 5 континети од светот. Саботната вечер на фестивалот е во знак и на еден од апсолутните феномени на современата електронска сцена Black Coffee, кој на досега најголемата бина на „Грин бич фестивал“ ќе го донесе најфиниот хаус звук за отворањето на седмото издание. Суперѕвездата од Јужна Африка доаѓа прв пат пред македонската публики на плажата Парк ќе ја пренесе енергијата од водечките клубови од Ибица, Мајами и Њујорк. За вистинска саботна треска на подиумот ќе се погрижат и дел од најистаканите претставници на домашната сцена: Lephonq, Мирко Попов и Маци Стојановски кој ќе настапи заедно со Томи Бојаџи.

Во недела (31-ви јули) подиумот е резервиран за најпопуларната техно сензација Dubfire, артист кој секогаш ги поместува стандардите за врвно музичко доживување ширум светот. Од глобален комерцијален успех, па сѐ до култен статус во андерграунд музиката, Ali Shirazinia од Dubfire е артист чија движечка сила, талент и интуиција му овозможија да го ужива епитетот како најдобар и најбаран проект во електронската музичка сцена секаде низ светот.Интеркативната визуелизација на 2D и 3D проекции и изведување на неговиот музички перформанс во живо со голем број машини го прават екстравагантното и уникатно доживување наречено „Hybrid“. Истата вечер екслузивно настапува и Âme, најпопуларниот германски проект кој ги освои светските подиуми со својата неприкосновена музичка продукција и препознатливата хипнотизирачка мелодија на нивниот светски познат хит „Rej“. Домашна поддршка ќе им дадат Илина Ангел, Видиновски и Флудер, а изгрејсонцето на плажа Парк ќе го дочека сетот на Стојче и Горан Кан.

 

Поради големиот интерес „Грин бич фестивал“ вратите ги отвора во 20 часот, а програмата започнува во 21 часот.