На 7 декември во Македонската филхармонија, за првпат љубителите на класичната музика ќе добијат можност во живо да ја почувствуваат музичката магија на Виенски класичен оркестар (Vienna Classic Orchestra).
Оркестарот е основан во 1998 година, кога најзначајните солисти на неколку класични формации во Виена решаваат да го постават почетокот на најелитниот, врвен оркестар кој ја фасцинира публиката со настапите низ целиот свет.
Картите се пуштени во продажба и може да се набават преку www.kupikartizase.com, „Пола Југотон“ и во цвеќарницата „Розе“ – Веро 2.