Виена е најдобар град во светот за живеење, а Багдад најлош, додека Скопје се најде на 159-то место, од вкупно 230 градови, покажува новата анализа на компанијата „Mercer“. Државите во кои се зборува германскиот јазик ја предводат 18-тата листа за квалитет на живот. Во топ седум најдобри градови за живот влегуваат и Виена, Цирих, Минхен, Дизелдорф и Франкфурт.
Од соседството, на 76 место се најде Словенија, неколку места подолу, или на 87 место е Грција. На 115 место се вброи Бугарија, Србија со главниот град Белград се најде на 141 место и една позиција пред Скопје се најде Босна и Херцеговина, односно на 158 место. Од рангираните градови во регионот најнизок квалитет за живот има Тирана која се најде на 179 место.
Студијата ги испитува социјалните и економските услови, здравството, образованието, домувањето и животната средина.
Американските градови релативно слабо се рангираа на листата, во голема мера поради прашањето околу личната сигурност и криминалот. Највисоко рангиран е Сан Франциско, на 28 место, а Бостон е на 34 место.
Според Светска банка, Австрија има највисоки бројки за бруто домашниот производ по глава на жител во светот, веднаш зад САД и пред Германија, Велика Британија, иако е на некој начин под соседната Швајцарија. Листата на „Меркер“ го постави Цирих на второ место според квалитет на живот. Париз, пак, доживеа најголем пад на ранг-листата за оваа година. Овој град остана стабилен со години, но годинава забележа пад од десет места.
Воените и политичките немири стојат зад најлошо рангираните градови во светот, каде се вбројуваат Дамаск, Багдад, Банги во Централна Африканска Република, Сана во Јемен, Порт-о-Пренс во Хаити, Картум во Судан и Нџамена во Чад.
Целата листа на рангирани градови може да ја погледнете овде.