„… вие што гледате?”- Осмомартовска изложба на отворено во Тетово и Скопје

Во центарот на Скопје и Тетово денеска, 8 Март, се организира организира изложбата „… Вие што гледате?” чија цел е да ја покаже потребата за застапеност на жените и нивниот развој во општеството.

Како што најавуваат од Центарот за Еднакви Можности (Center for Equal Opportunities – CEO), изложбата ќе биде во необичен формат, со претставување повеќе фотографии од средби на лидери, при што на граѓаните ќе им се даде можност да го кажат своето мислење за проблемот.

Изложбата ке се одрува на Плоштадот на градот Тетово во 10:00, како и на Плоштадот во центарот на Скопје во 13:00 часот.

Денеска во Скопје е најавен и маршот за женски права кој го организираат десетина организации, а ќе се одржи под мотото „Не си ти виновна“. Почнува на плоштадот Филип Втори, во 12 часот.