„Види, пријави, поправи“- мобилна апликација за пријавување проблеми

Дупките на улиците, проблемите со улично осветлување или со водоводот, граѓаните отсега ќе можат да ги пријавуваат преку мобилен телефон. Апликацијата „Види, пријави, поправи“ ја изработија младите информатичари од „CodeWell“, а засега функционира во три скопски општини, Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба.

Основната цел на проектот е со помош на ИКТ – технологиите, особено интернетот, мобилните телефони и ГПС – навигацијата да се подобрат општинските комунални услуги.

„Види, пријави, поправи“- мобилна апликација за пријавување проблемиАпликацијата можат да ја користат граѓаните кои имаат мобилен телефон со андроид систем. Штом ќе го забележат проблемот, го фотографираат и го испраќаат преку мобилна апликација симнатa од интернет. Ако повеќе граѓани пријават ист проблем, тој станува приоритетен. Како што појаснува Љупчо Деспотовски, извршен директор на YES Бизнис Инкубатор, користењето е многу едноставно.

Izjava Ljupco Despotovski by Radio Mof on Mixcloud

Идејата за мобилната апликација беше предложена пред половина година на кампот за социјални иновации организиран од УНДП. Целта беше на едно место да се соберат млади луѓе кои преку најновите технологии ќе помогнат во подобрување на соработката меѓу власта и граѓаните.

Како што појасни Мартин Анчевски од „CodeWell“, еден од тројцата информатичари кои ја развија мобилната апликација „Види, пријави, поправи“ , идејата не е нова, но добро да се искористи на македонскиот пазар.

Izjava Martin Ancevski by Radio Mof on Mixcloud

Апликацијата за првпат профункционира минатиот месец. Токму дупките на улиците биле најчесто пријавувани проблеми, открива Деспотовски, потоа и проблемите со уличното осветлување. Сите вакви пријави треба дабидат поставени и на општинските веб-страници.

Според Алeсандро Фракасети, постојаниот претставник на УНДП во Македонија, новата алатка ќе им даде можност на граѓаните директно да се вклучат во работата на општинските власти.

„Се надевам дека овој проект наскоро ќе се прошири и во другите општини“, изјави Фракасети.