Видеото „Со ХИВ се живее, но молчењето и стравот создаваат стигма“, на новинарката Емилија Петреска од Радио МОФ е второнаградено на конкурот на ХОПС за најдобра новинарска статија на тема: „Одржливоста и потребата на програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Република Македонија“.
Првонаградената новинарска статија е на Елица Бочвароска со нејзиниот натпис „Државата не дава пари за ХИВ тестирање, ќе расте бројот на болни од сида“.
Повикот беше отворен за сите новинари од печатените и електронските медиуми, како и студентите на студиите по новинарсто од последната година на студии.