[Видео] The Movement of Air – Интерактивен дигитален танц

Уметничкото дуо Adrien M & Claire B ја оставија публиката без здив со својот последен дигитален проект насловен The Movement of Air.

Видеото подолу прикажува неколку моменти од нивниот едночасовен перформанс изведен неодамна во Франција каде учествуваат тројца танчери. Adrien M & Claire B, за разлика од останатите свои колеги, користат целосно интерактивни сцени кои возраќаат на човековата интеракција. Ништо од она што може да се види не е креирано однапред.

„ Ова `живо светло` е произведено од видео проектори и генерирано во реално време преку сет од алгоритми“, објаснуваат уметниците. „ Ова е микс од контролната соба каде се прават интервенции и сензори на сцената кои ги истакнуваат прецизно подготвените движења и однесувања. Оттука, сликите никогаш не се претходно снимени за едно ригидно шоу со наметнатот ритам: напротив, тие дишат и се движат со танчерите и создаваат нов простор за истражување“.

Le mouvement de l’air / The movement of air from Adrien M / Claire B on Vimeo.