Видеоконкурс на тема „Црвена љубов“

Sofia Queer Forum го највува меѓународниот видео конкурс насловен „Red Love,” посветен на годишнината од Октомвриската револуција од 1917 година и нејзините ефекти врз семејството, општествената репродукција и сексуалноста.

„Не постои секс во СССР” е позната анегдота, извадена од контекст од еден телевизиски пренос меѓу СССР и САД во 1980 година. Оваа фраза е само едно од историски погрешните толкувања на настаните, како и бришење на историјата од јавната меморија, од фундаментално значење за идејата дека не постои сексуална револуција во СССР, а потоа и во целиот социјалистички блок. Дури и да не погледнеме кон подоцнежните времиња, туку само кон времето на Октомвриската револуција, можеме да видиме дека дел од женската еманципација, што се случи тогаш, е либерализација на институцијата на бракот и сексуалниот живот, легализација на абортусот, социјална заштита на мајчинството и декриминализација на хомосексуалноста (која траеше помеѓу 1922-1933) – од кои сите се најчесто поврзани со промените во Западот од 1960-тите. Ние сакаме да се фокусираме на овој момент на револуционерни и контроверзни (за многу) промени во општеството на сите нивоа – од политиката на секојдневниот живот, од уметноста до науките – и да видиме до кој степен овие идеи биле прифатени и усвоени од нашиот современ свет , или осудени и отфрлени.

За повеќе детали, погледнете го следниов линк.

Краен рок: 10-ти август 2017.

Квалификации:

  • Нема ограничувања на возраст, националност, година на производство
  • Кандидатите може да испратат видеа колку што тие сакаат, но само едно од нив може да влезе во потесен избор за награда
  • Делата не треба да бидат поголги од 30 минути

Испратете на следнава адреса  sofiaqueerforum@sofiaqueerforum.org :

  • Видео прикачено на Vimeo или YouTube заедно со линк за симнување со лозинка
  • Три фотографии од видеото (jpg формат, 300 dpi, приближно 2000×1200 pixels), кои ќе бидат вклучени во каталогот на SQF доколку видеото влезе во потесен избор
  • Кратка наративна биографија (не подолга од 200 зборови)
  • Синопсис или кратка изјава за делото (400 зборови)

Сите поднесени дела ќе бидат прикажан на отворањето на Софија Квир Форум 2017 во почетокот на септември (1 септември).

Трите наградени победници ќе бидат избрани од страна на жири комисија. Ќе има уште една дополнителна награда од публиката.

Избраните дела, заедно со победниците, подоцна ќе бидат прикажани во галеријата the fridge и ќе бидат вклучени во каталогот на SQF 2017 година.

Поднесување на дело подразбира согласност на авторот дека нивното видео ќе биде прикажано и ќе биде вклучено во каталогот, ако влезе во потесен избор.

Софија Квир Форум е годишен меѓународен настан кој започна во 2012 година во Софија, Бугарија, на кој има изложби, перформанси, проекции, како и јавни дискусии, со цел да се создаде простор каде што на родот и сексуалноста се гледа како паралелни системи преку кои се цениме себеси и другите околу нас. Полот и сексуалноста имаат силно влијание врз сите аспекти на културата и општеството. Влијанието, се разбира, е двострано, и тоа е причината зошто гледаме на тоа како полот и сексуалноста се менуваат под влијание на социјалните, економските, политичките, културните и медицинските фактори кои се својствени во дадено време и простор.