Видеоигра: Кој ќе победи во борбата помеѓу Ајнштајн и Дарвин?

„Science Kombat“ е нова игра во која некои од најголемите научници во историјата се натпреваруваат. Играта е бесплатна и во неа осум научници се борат еден против друг. Играчите можат да изберат меѓу Ајнштајн, Тесла, Питагора, Хокинг, Тјуринг, Дарвин, Њутн и Кири. Секој ги користи своите моќи според науката во која делувал.

Стивен Хокинг може да создава црни дупки за да му нанесе штета на својот противник, додека Кири ја покажува својата моќ преку рацете обложени со радиум, со кои ослободува огнена топка. Њутн, пак, е прилично насилен, тој мава со телескоп кон противниците. Во случај да немате време за игра, Диего Санчез, аниматорот за играта, направи галерија на сите потези како гифови, допстапни на овој линк.

Игра е прилично едноставна, но постојат некои убави мали изненадувања во играта. Според веб-страницата, играта исто така, ќе биде достапна за мобилните платформи. Нејзе може да ја пробате овде.