[Видео] Зошто Закон за млади во Македонија?

Националниот младински совет на Македонија подготви едукативно видео за потребата од постоење на Закон за млади во Република Македонија. Видеото е изработено во рамки на проектот „Активни Денес – Алатки за спроведување на младинските политики“.

Од Националниот младински совет на Македонија посочуваат дека Законот за млади го сметаат за клуч за квалитетна основа за младинските политики и затоа и го ставиле во фокусот на локаните активности во рамките на овој проект.

Проектот има за цел да ги собере седум земји од Југоисточна Европа (Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Црна Гора, Турција, Бугарија и Италија) со цел да ги истражат прашањата поврзани со имплементација на младинската политика.

Проектот опфаќа и алатки кои младинските совети и младинските организации можат да ги користат во рамки на меѓународната младинска работа, како и вклучување на младите во процесот на донесување одлуки.