[Видео] Зошто диетите всушност не функционираат?

Во САД дури 80% од девојчињата биле на диета откако наполниле само десет години, вели неврологот Сандра Aмод која во својот искрен ТЕД говор  ја користи личната приказна за да одржи важна лекција за тоа како нашиот мозок управува со телото. Од гледна точка на науката, таа објаснува зошто диетите не само што не функционираат, туку најверојатно, ќе направат повеќе штета отколку добро за организмот на еден млад човек. Таа дава и совети за тоа како да се живее без диети, но и како да се изградат здрави навики.

Сандра Aмот е невролог и писател, кој ја зема комплексноста на неврологијата и преку истражувањата поврзани со секојдневието се труди да им помогне на луѓето подобро да разберат како се однесуваат нивните умови.

Во продолжение може да го погледнете нејзиниот ТЕД говор.