„Да се објави лажна вест е како да ги истурите пердувите од перница низ прозорец, а да се згасне и демантира таа вест е како да се обидете истите пердуви да ги вратите во перницата“, се вели во едукативното видео на кампањата „Здраво За Готово“, која преку кратки видеа на тема „лажни вести“ се обидува да поттикне критичко размислување при конзумирањето информации.
Кампањата ја реализира Блинк 42-21, како дел од проектот „Ова не се вести“, а првото видео од нивниот серијал е насловено „Невозможна Мисија – Лажни Вести?“ и покрај тоа што објаснува зошто е тешко да се спречат лажните вести и дезинформациите, покажува и повеќе примери за тоа како можат да се препознаат ваквите содржини.
Видеото погледнете го во продолжение: