[Видео] Завршува ли времето на големите војни?

Сите показатели укажуваат на тоа дека живееме во најмирното време во човечката историја. Но, како е тоа можно? Ако се водиме според известувањето на медиумите и присуството на вести од воените зони во јавноста, изгледа како денеска да се војува повеќе отколку кога и да е досега. Но, бројките покажуваат дека ова е илузија – денес има многу помалку војни од порано, а во денешните конфликти гинат се помалку луѓе, иако светската популација никогаш не била поголема. Во ова одлично видео на Youtube-каналот Kurzgesagt, се поставува прашањето: Дали времето на големите војни какви што ги знаеме – завршува?