[Видео] „Заслужуваме подобро“ меѓу граѓаните

Граѓанската акција „Заслужуваме подобро“ која ја спроведуваат преку 200 волонтери од 70 невладини организации, членови на неформалната коалиција „Граѓаните за Македонија“, е во својата прва недела. Активистите се среќаваат со граѓаните непосредно, на улиците на дваесетина градови и села во Македонија и зборуваат со нив за проблемите со кои се соочува обичниот човек во секојдневието. Акцијата ќе трае до крајот на годината, по што наодите од разговорите со граѓаните ќе бидат доставени до институциите.

„Со нашите активности ќе ја пополнуваме празнината што се создаде меѓу акивностите на политичарите, договорот од Пржино и реалните барања и секојдневието на граѓаните. Ние, граѓаните, имаме право гласно и јавно да зборуваме за политиката, зашто нашиот живот и нашето секојдневие се политика. Нашиот глас е важен секој ден, а не само на денот на избори“, се вели во прогласот на граѓанската акција.

Според активистите, Власта треба да одговара на потреби и прашањата на граѓаните, без разлика дали има поддршка од нив. Тие велат дека политиката е сопственост на граѓаните и тие имаат право да ја критикуваат власта и од неа да бараат да биде подобра или да си замине.

Иницијативата го објави овој видеоколаж од медиумските извештаи за почетокот на акцијата: