[Видео] Запросувањето денеска: селфи, Фејсбук и хаштагови

Во овој духовит краток филм на режисерката Alicia MacDonald, со наслов „Otherwise engaged“ фокусот е на денешната преокупираност на луѓето со социјалните мрежи, феноменот на технологијата и баналноста на визуелното. Во едноставниот заплет, еден дечко ја запросува својата девојка, а чинот се претвора во сликање селфи, постирање на Фејсбук и бирање соодветни хаштагови.