[Видео] Запознајте ги девојките од „Балкански рис“ – единствениот женски рагби тим во Косово

Балканскиот рис не e само симболот што го гледаме на нашата монета од 5 денари. Тоа е и името на единствениот женски рагби тим во Косово.

Сè започнало пред две и пол години кога американската новинарка Бронвин Џоунс пристигнала во Приштина за да волонтира. Таа сакала да се врати во форма вежбајќи го омилениот спорт, со што ја добила идејата за рагби тим.

Преку него, жените имаат можност да спортуваат, патуваат и да се дружат. Досега се натпреварувале во Македонија, Бугарија и Црна Гора.

Пораката на Џоунс е дека спортот не познава граници, исто како рисот. Во продолжение, погледнете го видеото што го направивме од нашата посета во Приштина: