[Видео] Заеднички добра – од борба до самоуправување 

Заедничките добра во Северна Македонија се нападнати, се уништуваат, стои во најавата за документарецот „Заеднички добра – од борба до самоуправување“ на „Плоштад Слобода“, изработен од Петар Клинчарски.

„Но постојат заедници кои не само што успешно ги бранат, туку имаат развиено модели на управување кои се многу подемократски и одржливи од сите политики и стратегии на оваа држава. Погледнете неколку такви успешни и не толку успешни примери и инспирирајте се“, се вели во најавата за документарецот.