[Видео] Зад аголот – „За кого бијат камбаните“

Рап колективот Зад аголот го објави спотот за песната „За кого бијат камбаните“, која е дел од нивниот втор студиски албум, „Зад шпиунката“. Спотот е колаж од филмови во кои темата се балканските војни, а песната е своевидна антивоена химна:

„Смртта е лесна за умрениот, тешка за живите велат,
сакам да создавам, а не да бидам нечив џелат!
А јас ќе делам дел од себе, пеам, учам и плукам, а ти Здраве…
‘Пукај, бе, братучед, пукај…’“

Погледнете го и видеоинтервјуто на Радио МОФ со членовите на Зад аголот.