[Видео] Забава на точак во Ливерпул

Стотици граѓани во саботата се журкаа во Ливерпул, но на малку поинаков начин.

Колона велосипедисти следеа автобус наменет за забави со диџеј како дел од настанот кој го нарекоа „Ride & Rave“ (Возење и журка). Автобусот направи обиколка на градот, додека оние што го следеа уживаа во музиката.

Видео снимки од настанот кој траел околу два часа се споделуваа на интернет преку хаштагот #RideAndRave.

Сличен настан бил организиран во Берлин пред неколку дена, каде исто имало голем интерес.