[Видео] За Македонија без отпад – Не ги загадувај соништата на иднината

„Здравата и чиста животна средина не е привилегија, туку одговорност на секој жител на Македонија, а со континуиран труд, акција и визија истата е возможна. Нашата земја во моментов се соочува со голем проблем кога станува збор за комуналниот отпад и неговото нерационално искористување“, потсетуваат од здружението „Ајде Македонија“, кои и годинава, по петти пат, ќе ја реализираат големата еко-акција за чистење на отпадот во земјава.

Тие ги повикуваат сите граѓани, здруженија, институции да се придружат во глобалната инцијатива „Да го исчистиме светот“ (“Let’s do it! World”) која изминатите години успеа да обедини 20 000 волонтери ширум земјава.  По повод големата национална акција за елиминација на отпадот „Македонија без отпад 2016“, за сите заинтересирани на 17 јули во 19 часот во Јавна соба ќе се организира и отворена инфо-вечер за акцијата и можностите за поддршка на мисијата за чиста и зелена Македонија.

Во продолжение погледнете го видеото на „Ајде Македонија“, за подигнување на на јавната свест за проблемот со отпадот во земјава.