[Видео] „You Are The Champions“ – „Квин“ го преработија легендарниот хит во чест на здравствените работници

Култните „Квин“, Брајан Меј и Роџер Тејлор, и нивниот нов вокал Адам Ламберт, го преработија легендарниот хит  “We Are The Champions” и го преименуваа во „You Are The Champions“ посветувајќи ја песната на здравствените работници ширум светот кои спасуваат животи во текот на пандемијата со коронавирусот Ковид-19.

Преку инстаграм врска, од своите домови во Лондон, Корнвал и Лос Анџелес тие се поврзаа во создавање на оваа нова верзија на нивната препознатлива химна. Песната ќе биде објавена под посебно име, а сите средства собрани од неа ќе бидат донирани во солидарниот фонд за Ковид-19 на Светската здравствена организација.

Спотот од нивната преработка на песната, во кој голем број видеографери донираа свои видео снимки и фотографии, погледнете го во продолжение: