[Видео] Werner Herzog држи час

На возраст од 72 години, прославениот германски режисер Werner Herzog и натаму е вреден и извонреден, како во времето кога почнувал со работа. Харизматичниот уметник зад себе има огромен опус на играни и документарни филмови, а тој низ децениите изгради препознатлив стил и впечатлив авторски израз.

Своето богато знаење во правењето филмови и во раскажувањето приказни тој во 2013 им го пренесе на студенти на филмскиот фестивал во Локарно, Швајцарија. На Youtube постои видео од предавањето на Herzog, кое поради неговиот стил и знаење може биде интересно за многу поширока публика отколку само за љубителите на филмската уметност.

Во снимката, Herzog главно одговара на прашањата од публиката, што резултира со одговори од кои се добива фасцинантен увид во неговото мајсторство, а разговорот повеќе се задржува на неговите документарни филмови.