[Видео] Weird Al Yankovic ја претвори третата претседателска дебата во песна

Weird Al, музичар кој е најпознат по своите сатирични пародии кои често се од информативен карактер, заедно со Gregory Brothers и Songify ја претвори третата, последна дебата меѓу Доналд Трамп и Хилари Клинтон во „драматична песна“.

„Bad Hombres, Nasty Women“ е комбинација од сите најдобри (односно најлоши) моменти од дебатата која се одржи во средата со помош на ауто тјун, додека тој го пее својот дел во улога на модератор на дебатата.