[Видео] „Wanderment“ – ремек-дело на забрзаната фотографија

Од бистри планински потоци и таинствени шумски суштества, до величествени планини и прекрасни езера, овој кус филм ја претставува дивината и природните убавини на американските држави Алјаска, Северна Каролина, Џорџија и Калифорнија. Авторот, Doug Urquhart, цела година снимал ткн. „time-lapse“ снимки со камера со резолуција од 4000 пиксели (4K), додека талкал низ дивите пространства на Америка. Резултатот е одличниот „Wanderment“ – петминутно уживање во природата и во плодовите на модерната технологија.

WANDERMENT from The Upthink Lab on Vimeo.