[Видео] Втора епизода на Engage Kicks and Gigs со RIB

Веб серијалот Engage Kicks and Gigs, во кој гостуваат млади и алтернативни бендови од Македонија, ќе има за цел да ја поддржи и промовира локалната сцена, како и да ја запознае публиката со домашните музичари од еден поинаков агол.

Во втората епизода ви ги претставуваме RIB – проект во кој учествуваат Ивица Димитријевиќ, Јане Трајковски, Џано Куч и Филип Станчевски. Досега имаат издадено два албуми – „Something Completely Different“ (2015) и „Bliss“, кој беше објавен во јануари 2017 година.

Во Engage Kicks and Gigs, два пати месечно ќе ја споиме публиката со нејзините омилени бендови, кои на сесиите снимени во нашето студио ќе ги изведуваат своите најголеми хитови или најнов материјал акустично, во поинтимна и потопла атмосфера.

Првата епизода може да ја погледнете на: https://goo.gl/pBaccY