[ВИДЕО] „Водомила“- документарец за активистите што се борат за чиста вода во Богомила

Длабоко во 21 век, во центарот на Македонија, долгогодишната негрижа на властите предизвикува апсурдна ситуација, каква што веројатно нема ниту во земјите од третиот свет: жителите на Богомила се принудени да ги пијат сопствените фекалии.

Водата од селскиот водовод со години е бактериолошки неисправна, а богомилчани ја плаќаат како да е чиста. Но, група млади активисти од селото не се помируваат со ова и ја предводат борбата за чиста вода.

Погледнете ја „Водомила“, шестата епизода од серијалот на Кадар „Видеоскоп“.