[Видео] Во живо: Конференција на тема ,,Легализацијата на канабисот за употреба во медицински цели во Македонија”

Агенцијата за лекови и медицински средства во соработка со невладината организација „Зелена алтернатива“ организираат дводневен симпозиум на тема „Легализацијата на канабисот за употреба во медицински цели во Република Македонија”.

На настанот ќе учествуваат предавачи од земјата и експерти од странство со клиничко искуство во пропишувањето на канабисот за медицински цели. Ова е втор симпозиум годинава, а се организира по повод годишнината од основањето на Агенцијата за лекови. Воведен збор ќе има министерот за здравство Никола Тодоров.

Целата агенда за настанот е достапна на следниот ЛИНК, а за оние кои не успеале да се пријават за учество на конференцијата, обезбеден е пренос во живо: