[Видео] Во Софија повторно блокади и шатори

Со блокада на „Орлов мост“ и поставени шатори пред Ректоратот и плоштадот „Независност“ завршија синоќешните протести во Софија, Бугарија, кои беа како одговор на полициската акција за време на протестот во петокот.

Синоќа имало уште повеќе шатори, а на „Орлов мост“ демонстранти направија еден вид барикади, опколувајќи ги шаторите за кампување со контејнери за ѓубре и клупи.

Ноќта помина мирно, без никакви обиди на полицијата да го растера кампот.

Шаторите останаа цела ноќ, a само амбулантните возила беа дозволени да поминат.

Протестите започнаа пред речиси четири недели. Со нив се бара оставка на владата и на главниот обвинител. Граѓани во најмасовните протести во последните седум години ја обвинуваат владата за врски со мафијата, корупција, одбивање да ги спроведат судските реформи и дека ја потиснуваат слободата на говорот.