[Видео] Во Скопје се одржува првата парада за миленичиња

Со танц од пред Собранието започна „Шепологија“, првата парада за миленичиња во Скопје на која граѓаните маршираа до Градскиот парк.

Стотина граѓани со своите миленици се движеа низ улиците за подигање на свеста за правата на животните и животната средина, а од 16 часот започнува фестивалот на кој ќе се обратат дел од активистите и каде се најавени повеќе музички настапи.


„Да покажеме дека животните, природата и секако ние луѓето сме дел од еден комплексен екосистем во кој е неопходно да се грижиме еден за друг. Да излеземе од стереотипот на вечно незадоволство и да покажеме дека е модерно да си доблесен и хуман“, соопштија иницијаторите пред почетокот на маршот.