[Видео] Визија за иднината – храна произведена со 3Д принтер

[Видео] Визија за иднината - храна произведена со 3Д принтер

„Вкуси ја иднината“ е наслов на дипломскиот проект на дизајнерот Idan Zakai, во кој тој се обидува да ја замисли иднината на производството на храната со 3Д принтери за домашна употреба. Во кусиот филм на Zakai, годината е 2040, а 3Д молекуларните принтери се интегрален дел од секојдневниот живот, до степен до кој со нив се произведува храна (со избор на вкусови и нивни комбинации). Според визијата на младиот дизајнер, кујните на иднината ќе бидат сведени на само едно техничко помагало – 3Д принтерот со кој корисникот ќе може да ја избере формата, текстурата, бојата и вкусот на јадењето, контролирајќи го притоа внесот на хранливи материи, витамини и минерали.

Погледнете го футуристичкото видео на Idan Zakai: