[Видео] Вевчани низ призмата на младите

Што со реката во Вевчани? Дали недостасуваат паркови и што може да се направи за да се модернизира Општината? – Ова се дел од прашањата кои група млади решија да ги обработат преку видеа.

Видеата се резултат на тродневна видео работилница организирана од Младинскиот образовен форум и Радио МОФ, која се одржа во основното училиште „Страшо Пинџур“ во Вевчани од 22-ри до 24-ти ноември, минатата година.

Работилниците опфатија содржини од областа на медиумската писменост, техники за снимање и стекнување на вештини за изработка на видео прилози. За време на тридневните работилници, младите дискутираа за предизвиците и недостатоците на локално ниво и научија за техниките како се снима и монтира кратко видео.

Главната цел на работилницата беше да се изработат видеа со кои ќе се подигне јавната свест на одредена тема поврзана со проблемите во локалните заедници.

Работилниците се дел од проектот „Empowering youth for social engagement through media“ поддржан од National Endowment for Democracy.