[Видео] Велосипедистите на мака: Како да се справат со скопскиот сообраќаен хаос?

Со какви потешкотии се соочуваат велосипедистите во главниот град, кои иако во време на пандемија решиле да користат безбедно средство за патување, на патот до нивната дестинација наидуваат на многу препреки, се вели во најавата за видеото на Мета. 

Од Мета посочуваат дека прашањето за тоа колку велосипедите се важно превозно средство за граѓаните во земјава повторно се актуелизираше со пламнувањето на бројот на заболени лица од ковид-19.

Брзото ширење на корона вирусот преку блиските контакти на граѓаните доведе до сериозни потешкотии во функционирањето на јавниот превоз во градовите, како и до зголемен интерес на граѓаните за користење на индивидуално превозно средство кое не сакаат да го споделуваат со други лица при патувањата.

Повеќе во анализата на Мета.