[Видео] Велосипедисти ја користат напуштената патека за боб во Сараево

Денес напуштена и прилично запуштена, патеката за боб на планината Требевиќ кај Сараево била изградена за Зимските олимписки игри во 1984 година, чинејќи ја тогашна Југославија околу 20 милиони денешни долари. Патеката, чија единствена употреба за боб била на Олимпијадата, денеска им служи на авантуристички настроените Босанци, но и на туристите, како идеално место за спуст со велосипед. Деновиве на Youtube се појавија повеќе снимки на кои може да се види како велосипедистите итаат низ боб-патеката долга 1.6 километри, со брзина која достигнува и до 100 километри на час. Еве како изгледаат овие ризични адреналински спустови:

А еве и снимка од натпреварот во боб на Олимпијадата во Сараево во 1984, на истата патека, која била користена и за натпреварите во санкање: