[Видео] Величенствена вечер на „Вива вокс“ во охридскиот Антички театар

Хорската атракција од Белград, „Вива вокс“ на фестивалската публика во Охрид и приреди незаборавна вечер во Античкиот театар. Уште од самиот почеток, хорот кој е познат по неверојатните гласови и експериментирањето со различни музички жанрови, воспостави одличен контакт со гледачите кои со овации ги проследија изведбите на „Вива вокс“.

[Видео] Величествена вечер на „Вива вокс“ во охридскиот Антички театар

Публиката синоќа можеше да чуе неверојатни преработки на безвременските хитови на „Квин“, „Ред хот чили пеперс“, “Продиџи“, „Нирвана“, и секако „Ду хаст“, на германскиот индустријал-метал бенд „Рамштајн“, која на „Вива Вокс“ и донесе светска слава. На долгите аплаузи од публиката во исполнетиот Антички театар, „Вива Вокс“ се заблагодари со изведба на старата македонска народна песна „ Ајде слушај, слушај калеш бре Анѓо“.

Погледнете дел од настапот на српските хористи во Охрид:

Извор: Ohridnews.com