[Видео] Ужасот на грчко-македонската граница

Повеќе од 15 илјади бегалци од Сирија, Ирак и други земји во минатиот период се наоѓаа на грчко-македонската граница во импровизираниот камп Идомени. Македонија пропушташе само 300 бегалци дневно, а од средата целосно ја затвори границата, откако истото го направија Словенија, Хрватска и Србија.

Условите на Идомени се ужасни, бегалците немаат доволно храна и вода и хигиената е на загрижувачко ниво. Бегалците, меѓу кои мнозинството се деца, стари и изнемоштени лица и инвалиди, спијат под отворено небо, на дожд и ладно време. Идомени е на работ на хуманитарна катастрофа.

Повеќе во видеото.