[Видео] Ускратен пристапот до јавните базени на дел од Ромите  

Ромите во Македонија се една од најдискриминираните групи на луѓе. Дискриминацијата е по етничка основа, но и по основ на боја на кожа. Често пати им се ускратува пристапот до јавни добра и услуги. Еден таков пример е пристапот до јавните базени“, се вели во видеото „Дали сме сите еднакви?“ на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија.

Од таму велат, ако луѓето од различни етнички групи, боја на кожа или било која друга основа се третираат различно, прашањето е, дали сме сите еднакви?