[Видео] USB вградени во ѕидови низ Њујорк

Арам Бартхол е берлински уметник кој во 2010 го започна проектот „Dead Drops“ за време на неговиот престој во Њујорк. Проектот кој веќе пет години постои и се шири на повеќе локации низ градот има за цел да создаде анонимна, офлајн, мрежа за споделување на фајлови во јавниот простор.

USB се вградени во ѕидови или згради, достапни за секого во јавниот простор. Секој може да остави или да најде фајлови. За тоа е потребно лаптопот да се приклучи за ѕид или куќа со цел да се споделат омилените датотеки и податоци.

Секое USB кога ќе се инсталира е празно освен фајлот readme.txt кој го објаснува проектот. „Dead Drops“ е отворен за учество. Ако некој сака да го направи она што го направил овој уметник, видеото служи како инструкација за инсталирањето и за прикажувањето на локацијата каде е направено тоа со слики.