[Видео] Унгарски градоначалник ги плаши бегалците со контроверзен спот

Градоначалникот на унгарската општина Ашоталом, во близината на границата со Србија, Ласло Торачкаи снимил видеоспот во стилот на фашистичката пропаганда, наменет за бегалците кои се обидуваат да влезат во Унгарија.

На снимката, Торачкаи со сериозен глас зборува дека сите кои легално влегуваат во Унгарија се добредојдени, но оние кои ќе се обидат илегално да ја прејдат границата „лесно може да завршат во затвор“.

„Унгарската граница“ е заштитена со бодлива жица и илјадници полицајци и војници“, продолжува Торачкаи додека се менуваат кадри од надзорни камери, воени хеликоптери, полициски возила, војници во акција и од оградата која Унгарија ја подигна на границата со Србија.

Тој, на позадина од драматилна музика на бегалците им порачува дека „ако сакаат да стигнат до Германија, најблискиот пат води преку Хрватска и Словенија“ и наведува дека „Унгарија е лош избор, а Ашоталом е најлош!“.

Снимката со наслов „Порака до илегалните мигранти од Унгарија“ на Јутјуб е поставена завчера. а медиумите во регионот коментираат дека намерата на Торочкаи е да ги заплаши бегалците.