[Видео] Уметник прави копија од „Ѕвездената ноќ“ на Ван Гог истурајќи боја во вода

Уметникот Гарип Ај направи копија на познатата слика на Винсент Ван Гог, „Ѕвездена ноќ“, истурајќи и мешајќи боја во вода.

Почнувајќи само со истурање на дамки боја на површината на водата, полека го трансформира нередот во уметност. Боите се раствораат, и мешајќи ги создава познатите вртлози кои го даваат класичниот ефект на Ван Гог.

Извор: Gizmodo