[Видео] Уличен техно ритам на Dario Rossi

Создавањето ритам за техно музика не мора да значи купување скапа опрема и компјутерско знаење – 27-годишниот италијански тапанар Dario Rossi во своите улични настапи користи пластични канти, стари тенџериња и чинии, метални синџири и отпадоци од ламарина, за да создаде неверојатно компликувани техно ритамски шеми. Rossi од своја десетгодишна возраст учел за перкусионист во музичката академија Арича во Рим, пред да тргне по европските метрополи со својот феноменален настап. Оваа снимка е само дел од неговиот блескав репертоар, кој во целост може да се најде на неговата веб-страница.