[Видео] Украинската андергроунд рејв револуција

Револуцијата во 2014 година сосема го блокираше киевскиот ноќен живот. Како што протестите се претвораа во бунтови, а владините безбедносни сили отворија оган на протестантите, земјата влезе во криза, пишува Vice.

Но, од пепелта на револуцијата изникна нова генерација. Слава Лепшеев, кој ја изгубил работата поради финансиската криза предизвиката од војната, решил дека е доста, и го започнал Cxema, хардкор и хипнотичен рејв кој го носел на било кој полулегален простор каде можел да постави систем за озвучување.

Заедно со Слава, новинарите на Vice ја следеле младината на Киев додека се подготвува за ноќ во Cxema, од градењето на местото на настанот, до гледање на изгрејсонцето.